Марш за ангелите денеска во Кочани по 49. пат
Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ подржани од граѓани денеска по 49. пат маршираа за своите ангели. На улиците во Кочани се појавија со транспаренти во форма на срце на кои беа испишани имињата на сите што настрадаа на 16 март лани. На кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“ запалија свеќи, на тој начин посочувајќи дека токму денес се навршува точно година и половина од трагедијата.